За нас
Актива
Актива е основана во 2000 година и својата деловна активност ја започнува станувајќи ексклузивен дистрибутер на производите Сиденор од Грција, почитуван бренд во светот на градежништвото и сертифициран за квалитетот на нејзините производи.
Актива станува ексклузивен дистрибутер на Курум Холдинг во Албанија, и многу други производи од разни компании од сферата на градежништвото.
Актива на своите стоваришта нуди градежни материјали и тоа:
Денес, Актива е позната како лидер во снабдување со железни градежни материјали, покривајќи 50% од вкупната побарувачка на пазарот во Македонија.
Повелете во нашите стоваришта и обезбедете најквалитетни градежни материјали по одлични цени со достава до местото на градба.
ХТЗ опрема правена по Европски стандарди која нуди највисока безбедност на работното место, продуктивност и економичност.
Покрај работна и професионална облека, нудиме и голема палета на производи за слободно време и рекреација. Повелете, разгледајте ја нашата понуда на спортска облека и чевли, по конкурентни цени.
Располагаме со продажен салон и магацински простор, во кои коминтентите може на лице место да се запознаат со нашата програма и да ги изберат производите што им се потребни.
Располагаме со широк асортиман на блокови како што се термо блок, гитер блок, шуплив гитер, полна тула, ферт монта, каналници, блок оџак итн. и истите се од познати производители.
Нудиме високо-квалитетни производи по достапни цени, прикладни за изведба на сите видови градби и проекти.
Постојано се стремиме кон проширување и усовршување на производството, преку воведување на најсовремени технологии за производство на термоизолациони блокови и блокови со звучна изолација кои се синоним за квалитет и квантитет на територијата на Република Македонија и пошироко во регионот.
Нашите системи за топлинска изолација се прилагодени за различни потреби, а исто така ја оптимизираат потрошувачката на енергија, ја намалуваат навлегувањето на бучавата и влагата.
КАМЕНА МИНЕРЛАНA ВОЛНА = кратки влакна , поголема густина на производот од 30 до 200kg/m3, висока сила на компресија , одличен апсорбер на енергијата на звукот , не-запалив материјал, запалива класа А1 , максимална работна температура 750 ° C. ,поголема отпорност на пожар , висока температура на топење, над 1000 ° C. , пониска еластичност на материјалот , ниска цврстина на истегнување ,многу отпорни на можните механички оштети при вградување.
Нудиме бетонско железо за примена во градежништво со различни димензии. Нивниот тип, дијаметар и други спецификации можете да ги погледнете на прикачената табела. За повеќе информации контактирајте со нас.
Во понудата имаме производство на производи кои се применуваат во градежништвото и тие се:
Арматурни мрежи, - Калибрирано железо, - Истегната арматура - Спремна арматура.
Челикот е рамката околу која се подигнуваат повеќето современи градби.Челикот е суштинска компонента на модерните градежни дизајни и големите инфраструктури. Опсегот на челични решенија за армиран бетон понуден од нас е еден од најшироко достапни на пазарот за да ги задоволи сите барања за градење.
Нашиот асортиман вклучува стандардни производи и сопствени решенија прилагодени според потребите на клиентите.
Екстремно тивки и штедливи клима уреди, ефикасни уреди со рамномерна дистрибуција на воздухот, класа на штедливост при работењето ААА, Turbo mode за инстантно постигнување на температура, климатизери од врвни светски брендови со опрема за климатизација со повеќе од 100 години традиција! Неприкосновени во делот на климатизација, греење и ладење. Во цената вклучуваме монтажа и гаранција од 2 години. Ние сме лидери во Македонија во понуда на клима уреди со сите капацитети адаптирани за Вашите потреби.
Галерија
Брендови
Контакт
© . Сите права се задржани.
Изработено од Mode.mk